МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МНОГУТЕ ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ КЕ ЈА КРОЈАТ ПЛЕЈ ОФ И ПЛЕЈ АУТ ТАБЕЛАТА

Кошаркарските го одиграа претпоследното 21 коло од регуларниот дел на првенството. Постигнатите резултати беа очекувани па ЕуроНикел со би рекле рутинската победа над Вардар од 96:79 се искачи на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот Пелистер. Иако беше фаворит тимот на ФМП успеа да загуби од МЗТ 2 и си го доведе во прашање учеството во плеј офот. Куманово го искористи домашниот терен и го совчлада Кожув со што се приближи до плеј офот бидејки има дури 6 одложени средби а гевгеличани со овој пораз тешко дека ке влезат во опција за плеј оф. И во ова коло имаше одложени натпреварите и тоа Црн Дрим - МЗТ и Пелистер - Работнички заради настап на скопските екипи во АБА 2 лигата а одложен е и натпреварот Гостивар - ТФТ заради настап на екипата од Тафталиџе во БИБЛ лигата. Засега ништо не се з 3њењнае околу местата кои водат во плеј офот бидејки МЗТ и Работнички кои во моментов се на последните 2 места на табелата имаат по 10 неодиграни средби што значи дека регуларниот дел од сезоната „добро“ ке се оддолжи.

М.В.