МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МК “Еуроникел“ во сабота од 18 часот го пречекува Гостивар

Викендов стартуваат средбите од кошаркарскиот плеј оф и плеј аут. Откако се среди состојбата околу тоа кој смее и кој ке игра во плеј офот и со исфрлањето на ФМП од плеј офот бидејки не се АД а со вклучување на Феникс на местото на ФМП сега се е многу појасно и познати се сите парови. Во супер лигата , утре сабота во салата Јасмин Еуроникел ке го пречека Гостивар од 18 часот. Во понеделник ке играат Феникс и Пелистер а во среда ТФТ и МЗТ. Во плеј аутот во сабота ке играат Ангели – ФМП, МЗТ 2 – Работнички и Кожув – Куманово.Кај девојките викендов стартуваат четвртфиналните дуели од разигрувањето за титулата . Се игра на две добиени средби а паровите се Бадел – Гризли, Баскет КАМ – Пробаскет, Вардар – МЗТ и Кр. Паланка – Струга.

М.В.