МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 14 часот Трокал – Куманово, од 16 часот Пробаскет – Крива Паланка и од 18:00 Еуроникел - Кожув

По паузата заради купот и репрезентативните обврски викендов продолжуваат возбудувањата во првата машка кошаркарска лига со средбите од 17 коло. Во сабота ке играат Ангели – ТФТ, МЗТ 2 – ФМП, Гостивар – Феникс и во салата Јасмин утре од 18 ч Еуроникел го пречекува Кожув. За кавадарчани секоја средба до крајот е борба за пласман во плеј офот што значи дека на оваа средба ке им тежи императивот победа. Еуроникел моментално е шести со ист број бодови како и Феникс кој е седми но има и средба помалку а осми е Работнички со само бод помалку. Гевгеличани заостануваат 3 бода зад кавадарчани. Во недела својот натпревар ке го одиграат МЗТ и Работнички а во понеделник Куманово и ПелистерКај дамите во елитната група А на програмата е второто коло од оролоџото. Утре со почеток од 16 ч во салата Партизан Про Баскет ја пречекува Крива Паланка, во недела играат Струга и Бадел а во понеделник се игра дербито помеѓу Баскет Кам и Вардар. Слободна е екипата на МЗТ.Во првата женска кошаркарска лига група Б утре во рамките на 14 коло во салата Партизан од 14 ч Трокал го пречекува Куманово во обидот да ја задржи лидерската позиција. Утре се играат и средбите Тим Арена – Патриот и Мега Баскет – Шкупи а во недела се игра средбата Риниа – Гостивар. Слободна е екипата на Гризли.

Мики Виденовиќ