МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Судискиот критериум и многуте сомнителни одлуки им подарија победа на Пелистер

Во рамките на 5 коло од првата машка кошаркарска лига се постигнаа следниве резултати. Во братската пресметка помеѓу МЗТ 2 и МЗТ победија поискусните со 76-99. Кожув - Феникс 91-83, Ангели - Гостивар 74-88 и Работнички -ТФТ 105-92. На големото дерби во Кавадарци помеѓу Еуро Никел и битолски Пелистер судиите го расипаа севкупниот впечаток. Општите факти во егал позиција - битолчани преморени кавадарчани без повредениот Самарџиски. Многу рано Еуроникел стигна до двоцифрена предност но неколкуте сомнителни одлуки му дозволија на Пелистер на полувреме да замине само со 5 коша негатива 43-38. Во вториот дел многу судиски грешки на штета на домашниот состав па на сите во салата и стана јасно дека Пелистер не смее да загуби. Судиите ја остварија целта па битолчани славеа со 85-90. Од кавадаречката управа најавија жалба за срамното судење. Мал факт за пропустот на судиската организација. Според информациите до кои дојдовме еден од судиите на оваа средба кога не суди кога не е делегиран седи на записничката маса на Пелистер кога тие играат во Битола ?...

М.В.