Кошаркарите на Еуроникел 2005 повторно ке гостуваат овој пат во недела кај тимот на Куманово
Стартува разврската во првата машка кошаркарска бидејки останаа уште само 4 кола. Редовното 19 коло ке стартува денеска со дербито помеѓу Гостивар и МЗТ, третопласираната и второпласираната екипа на табелата. Колото ке продолжи утре, четврток за кога е закажан дуелот помеѓу Работнички и лидерот Пелистер. Скопјани имаат само математички шанси сезонава да играат во плеј офот бидејки се осми и заостануваат 3 бода зад Еуроникел и Феникс кои се на шестата и седмата позиција. Во сабота треба да се одигра натпреварот МЗТ 2 – Кожув а останатите 3 средби на програмата се во недела. Ангели ке го пречекаат тимот на ФМП а за место во плеј офот директна пресметка ке водат ТФТ и Феникс.. Со победа ФЕникд ке се израмни со бодовите со ТФТ и је ја направи завршницата уште поинтересна. Кошаркарите на Еуроникел повторно гостуваат овој пат во Куманово. Кумановчани немаат никакви шанси за плеј офот но ке бркаат подобра позиција за плејк аутот додека на кавадарчани победата им е единствена опција доколку сакаат да останат во игра за плеј офот.
М.В.