Пелистер, МЗТ, Еуроникел, ФМП, Гостивар и ТФТ ке се борат за шампионската титула
Со средбите од 22 коло заврши регуларниот дел од сезоната во првата МКЛ која ке продолжи со плеј оф и плеј аут групите. Во последното коло резултатите на директните конкуренти му одеа во прилог на кошаркарите на Еуроникел кои ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последниот на табелата, екипата на Ангели и славеа убедлива победа од 104:72. На другите средби ФМП – МЗТ 87-98, Пелистер - ТФТ 110-106, Кожув – Гостивар 78-80, Феникс - МЗТ 2 100-92 и Куманово – Работнички 72-54. Во плеј оф групата Пелистер ке ја има стартната позиција број 1 а МЗТ бр 2. Екипата на Еуроникел го дели 3 место со тимот на ФМП. Двете екипи собраа по 36 бода,кавадарчани имаат подобра кош разлика но ФМП има подобар меѓусебен скор. Слична е и состојбата на позициите 5 и 6 каде се најдоа Гостивар и ТФТ но таму гостиварчани имаат и подобра кош разлика и подобар меѓусебен скор. Овие 6 екипи ке разигруваат за шампионската титула.
м.в.