МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарите на ЕуроНикел загубија од ТФТ со 90-78 а девојките од Пробаскет се поразени дома од Струга со 63-79

Кај кошаркарите викендов се одигра 4 коло. Феникс го доби Куманово со 89-66, Кожув лесно го совлада Чаир со 99-83, Гостивар му го нанесе и 4 пораз на Работнички со 87-76, а Пелистер со 114-101 славеше против Струмица. Еуроникел повторно разочара и загуби нагости кај ТФТ со 90-78.Во рамките на третото коло кај третолигашите Пробаскет на 3 ноември ке игра со Младинец а Спорт Тим во Неготино со 61-40 го доби тимот на Ролинг.Кај девојките во третото коло во групата А се постигнаа следниве резултати Пробаскет - Струга 63-79, Бадел - Баскет Кам 67-73, Гризли - МЗТ 51-85 и Вардар - Кр. Паланка 81-41. Во групата Б, Шкупи - Куманово 101-29, Патриот - Гостивар 67-63, Пелистер - Спорт Тим 62-36 и Пониква - Риниа 82-63. Екипата на Јан Бор во ова коло беше слободна.

М. В.