МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕРБИТО СЕ ИГРА ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА КАДЕ ГОСТУВА МЗТ А УТРЕ ВО КАВАДАРЦИ ДОАЃА ТФТ

Викендов се играат средбите од редовното 11 коло во првата машка кошаркарска лига. Но да тргнеме по ред. 11 коло стартува денес со средбата „ФМП“ - „Работнички“. Скопска пресметка во која овој пат нема фаворити бидејки „ФМП“ има големи амбиции а „Работнички“ не е тоа што беше некогаш. Според официјалното делегирање денес треба да се одигра и дербито на ова коло. Во Битола непоразениот „Пелистер“ ке го пречека фаворизираниот „МЗТ“ кој сеуште како да си ја бара формата. Утре, сабота на програмата се исто така две средби. „Гостивар“ е апсолутен фаворит на домашен терен против „МЗТ 2“ а во второто дерби „Еуро Никел“ го пречекува пријатното изненадување „ТФТ“.Единствена предност за кавадарчани на оваа средба треба да биде искуството и домашниот терен. Средбата се игра во сабота со почеток во 18 часот во празната сала „Јасмин“ но за љубителите на кошарката од нашиот град и пошироко екипата на RTK.MK обезбеди директен пренос со коментар. Во недела во дербито на дното „Црн Дрим“ ке го пречека „Кожув“ а колото ке заврши во понеделник со средбата „Куманово“ - „Вардар“.

м.в.