МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Единствениот македонски клуб кој ја освоил балканската БИБЛ лига, кошаркарскиот клуб Фени Индустри по четири години пауза повторно се врати во балканското натпреварување.

На стартот на новата сезона, тимот од Кавадарци му гостуваше на сезонава амбициозниот тим на Пеќ, кој ја искористи предноста на домашниот терен за да слави со 82-73.

Со серијата од 7-0 во воведните минути од натпреварот, Фени набрзина ја надополни почетната негатива и го превзеде водството, по што следуваше период на подобра игра на домашните играчи кои на првата пауза заминаа со 3 поени предност, 16-13.

Лошиот старт на вториот период им овозможи на кошаркарите на Пеќ предводени од Александар Тодоров да стигнат на моменти и до двоцифрена предност, за сепак на полувреме да се замине со негатива од 8 поени, 37-29.

За разлика од првите 20 минути, во второто полувреме се играше поефикасно, но и покрај тоа што често пати беа на неколку поени до изедначување, избраниците на Малинков не успеаа да го внесат натпреварот во егал завршница, што им овозможи на кошаркарите на Пеќ да ја прослават првата сезонска победа.Хрватот Матеја Чешковиќ со 18 и капитенот Николовски со дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скокови беа најдобри кај Фени, додека Ахмебатиќ со 21 и Рид со 19 беа први стрелци во тимот на Пеќ.

Во следното коло кое е закажано за следната среда, Фени во својот „Јасмин“ ќе го пречека тимот на Тирана од Албанија.