МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
https://www.xnxx.com/

По воведната победа над Текстилец, ракометарите на ГРК Тиквеш во својот прв натпревар сезонава на домашен терен со зголемени амбиции и желба за изненадување го дочекуваат тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Иако гостите во воведните две кола имаат стоостотен учинок и гол разлика од 63-50, избраниците на професорот Блаже Велков веруваат дека со поддршка од кавадаречката публика ќе можат да направат изненадување и да стигнат до втората победа.

Натпреварот ГРК Тиквеш - Македонија Ѓорче Петров се игра во недела, 16 октомври, со почеток од 17 часот, а влезот во спортската сала „Јасмин“ е слободен.