МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во тек се градежните работи за изградба на плоштад во центарот на градот Демир Капија на површина од 5660 м2.

Веќе е поставена подземната електрична инсталација и атмосверска канализација, а моментално се работи на тампонирање на просторот пред да се изврши поплочувањето.

Со овој проект се планира да се изврши поплочување на површината, да се постават канделабри со лед светилки за осветлување на плоштадот, изградба на фонтана, посадување на садници, и поставување на клупи, канти за отпадоци, и друга урбана опрема кои ќе бидат во склоп на плоштадот.