Вчера /29.01.2019 година/ Советот на општина Демир Капија ја одржа шестата вонредна седница
На дневен ред беше разгледана и едногласно усвоена Одлуката со која се уредува долгорочно домашно задолжување на општина Демир Капија, кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под–заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, во висина на 11.000.000 денари, а со цел финансирање на проектот „Реконструкција и надградба на Дом на култура Мирка Гинова од Демир Капија“. Задолжувањето ќе се реализира по пат на домашно долгорочно позајмување преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, под одредени услови.