На 11 февруари се одржа едукативна трибина на тема: ,,Кооперанство лозари - винарии, сигурност за квалитетно производство и сигурен пласман``.Беа доделени наградите за најдобри вина и ракија
Зедоа учество претставници од повеќе винарии од Тиквешијата, кои што го објаснаа процесот на склучување на кооперантски договори.Претставник од Винарија Попова Кула- Јордан Трајков, претставник од Винарија Бовин - Борче Нечев и претставник од откупувачи Перо Стојковиќ.На овој настан беа соопштени резултатите од одржаните натпревари за најдобро вино и ракија-во рамките на „Неделата на традицијата Свети Трифун-Демир Капија“.Наградите ги врачи градоначалникот Лазар Петров.
За Најдобро Вино произведено во домашни услови:1. Сашко Камчев2 . Сакалиев Тони3. Блажо Коцев
За најдобра ракија произведена во домашни услови беа прогласни:1 Димитар Симитчиев2 Лазар Јанакиев3 Стојче Секулов
Беа доделени и благодарници за сите учесници во овој натпревар.