МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Жителите на општина Демир Капија со бројни активности и манифестации, го одбележаа својот празник, Седми ноември Денот на ослободувањето

Во Галеријата на Музеј Демир Капија беше отворена Ликовна изложба на слики од Струмичката ликовна колонија, а беше одржан и концерт на Мандолинскиот камерен квинтет од Виница. Претставници од општината и од јавните претпријатија ги посетија културно историските споменици положувајќи свежо цвеќе, на загинатите борци во НОБ. Во училишниот двор на ООУ Димче Ангелов Габерот од страна на учениците беше одржан Музички перформанс а во ЦЕНЕТ Советот на општината Демир Капија, одржа свечена седница, која ја отвори и ги поздрави присутните претседавачот на советот, Петар Мојсов. На присутните во салата им се обрати градоначалникот Трајче Димитриев. На оние кои ја афирмирале на оваа општина им беа доделени, Седмоноемвриските награди и признанија. Годинава награда му беше доделена градоначалникот на општина Демир Капија Трајче Димитриев.

14925762_1762623997324135_15966328487489081_n.jpg

Седмоноемвриските признанија беа доделени на: Друштво за градежништво и услуги ДГТ ГИВ ИНЖЕНЕРИНГ-Ѓорѓиевски Гоце ДООЕЛ Скопје,Друштво за производство, трговија и услуги ГАМА ВИНЕРИ ДООЕЛ Гевгелија, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје, Друштво за производство трговија и услуги Н-Енерџи ДООЕЛ увоз извоз Кавадарци и Диме Кукоски и Петар Јаневски. Прославувањето на овој ден продолжи со изведба на културно уметничка програма.