Денесka општина Демир Капија, потпиша договор со Министерството за труд и социјална политика и Здружението Хуманост, давателот на услуги/провајдер за развој на социјални услуги на локално ниво, дел од проектот за подобрување на социјалните услуги.Грантот е во висина од 5.101 000 денари, обезбедени од страна на МТСП, од кои 493 000 денари се за воспостваување на социјалната услуга помош и нега во домот во времетраење од 5 месеци, каде што треба да се опреми центарот за помош и нега во домот (простор обезбеден од општината), да се обучат и сертифицираат 10 негуватели/ки и 1 координатор на услугата и да се набави потребната опрема за работа на негувателите/ките. Додека сумата од 4.608 000 денари, е наменети за испорака на услугата во времетраење од 12 месеци, за вкупно 20 лица на територија на општина Демир Капија, крајни корисници на услугата (возрасни лица и лица со одредени хронични болести).
-„Особено ни е драго што го потпишавме овој договор и реалзираме ваков тип на соработка со МТСП и здружението Хуманост, и заеднички воспоставуваме нов тип на социјална услуга во нашата општина , која исто така е дел од ново развиениот социјален план на општината Демир Капија во периодот 2021-2024 согласно новиот закон за социјална заштита.„- нагласува градионачалникот на Демир Капија Лазар Петров.