“ENTRERRITMOS INTERNATIONAL FESTIVAL” годинава 9-ти пат по ред се одржува во Мароко.

Се работи за еден од најистакнатите фестивали кој промовира мир и соживот помеѓу различни култури. Македонија учествува пет пати по ред . Оваа година поканети се ”Трио Гразиосо”, М-р Кристина Палија -сопран, Д-р Невенка Дуковска -пиано, Памела Велкова - виолина) а на фестивалот ке настапат заедно со уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац.

Концертот ќе се одржи во во една од салите за културни настани во ројалната винарија ”Кралица Марија”, Демир Капија на 1-ви Октомври во 19.00 часот. Настанот ќе биде реализиран и пренесуван во живо со онлајн учество во Мароко. Поради ограничениот број на гости посетстата се закажува на телефонскиот број : 043 446 500.