Денеска во Демир Капија на свечен начин беше одбележан 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Демир Капија. На денешен ден, се навршуваат 78 години од ослободувањето на Демир Капија, и 26 години од постоењето на општина Демир Капија.Со положување на свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци започна чествувањето на овој празник. Потоа во Холот на Општина Демир Капија се одржа ликовна изложба и следуваше културно уметничка програма. По Градоначалникот на општина Демир Капија Г-дин Лазар Петровсе обрати и Андон Крстевски, Претседател на Советот на општина Демир Капија, и ја отвори свечената Седница на Советот. Како и секоја година, така и оваа година општина Демир Капија им искажува почит и уважување на истакнати поединци, институции и организации, кои со својата работа или дејност допринеле за афирмација и развој на нашата општина и истите ги награди со седмоноемвриски награди и признанија.Признанија беа доделени на Аматерскиот театар МИРКА ГИНОВА Демир Капија, Здружение за подршка и развој ХУМАНОСТ Подружница Демир Капија, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република С. Македонија – Скопје, Олгица Мелова од Демир Капија за промоција и афирмација на општина Демир Капија во областа на спортската дисциплина кајакарство, Мурвет Вардар од с.Корешница за промоција и афирмација на општина Демир Капија во областа на спортската дисциплина фудбал и Д-р Олгица Сакламаева Ангелова од Демир Капија, за посебен придонес во областа на здравствената заштита во услови на пандемија. Оваа година беа доделени две Седмоноемвриски награди и тоа на Сузана Крстова вработена во Општинската администрација и на Др. Катица Бакиева Бојчева. Од оваа година согласно Програмата за социјална заштита општина Демир Капија додели стипендии за ученици како и парични награди за првенци на генерацијата 2021/2022 во ООУ“Димче А.Габерот“Д. Капија. Врз основа на распишаниот јавен конкурс, за учебната 2022/2023 година Советот на општина Демир Капија додели стипендии за следните ученици во средно образование и тоа на: 1.ИВОНА МАРКОВА – ученик во СОУ“Св.Кирил и Методиј“Неготино, и 2.МАРИЈА РИСТОВА – ученик во СОУ“Ѓорче Петров“Прилеп. Согласно Одлуката на Наставничкиот совет на ООУ“Димче А.Габерот“Демир Капија за првенци на генерацијата 2021/2022 во ООУ“Димче А.Габерот“Д. Капија избрани се следните ученици: ЃОРЃИ РИСТОВ и ДИЈАНА НЕДЕВА Во продолжение следуваше културно уметничка програма организирана по повод празникот на општината. П.Пашоев.