МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во просториите на Општинската изборна комисија-Демир Капија, согласно член 8-од Изборниот законик, учесниците за градоначалници -кандидататот за градоначалник на Општина Демир Капија од СДСМ Лазар Петров и на ВМРО - ДПМНЕ Андон Донев го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Тие се обврзуваат дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовират принципите на слободни и фер избори и ќе ја почитуваат вољата и избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. На тој начин ќе се создадат неопходни услови за фер натпревар и еднаквост при учеството во кампањата, со што пак се придонесува за градење на довербата во изборниот систем.