МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 28.12.2021 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа третата седница на која беа разгледани и усвоени 24 точки од дневниот ред. Седницата ја отвори и водеше претседавачот на советот Андон Крстевски. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од одржаната втора седница на Советот на Општина Демир Капија се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Буџетот на Општина Демир Капија за 2022 година.Приходите на буџетот на Општина Демир Капија за 2022 година се планирани согласно законски рамки и изнесуваат 124.907.038 денари. Вкупните расходи на Општина Демир Капија за 2022 година се планирани во износ од 124.907.038 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи и расходи. Се отвори и расправа по поднесените 9 амандмани од советничката група на коалицијата „Обнова на Македонија“ за предвидување на средства во буџетот на Општина Демир Капија за стипендирање на ученици и студенти и други видови на парична помош и се донесе заклучок, општинската администрација да изготви пишани процедури односно да утврди критериуми врз основа на кои ќе се знае под кои услови ќе може да се доделуваат парична помош од буџетот на општината. Втората точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2022 година. Третата точка од дневниот ред се однесуваше на донесување Одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за 2022 година. Со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максимум за 2022 година што може да се подигни и држи во готови пари во благајната на општина Демир Капија и изнесува 72.000 денари. Висината на благајнички максимум на готови пари кој може да се држи во благајната во девизни средства изнесува 1.170 ЕУР. Средствата од благајничкиот максимум може да се користат за плаќање на производи и услуги во готово кои поединечо не може да бидат повеќе од 6.000 денари. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година кој изнесува 81,6 денари. Потоа се премина на петата точка на која беше донесена Одлука за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2022 година. Според просечната цена на извршените купопродажби на градежното земјиште подрачјето на Општина Демир Капија во 2021 година е поделено на 5 зони. Првата зона го опфаќа градскиот центар од мостот на реката Бошавица по должината на ул.Маршал Тито, лево и десно до крстосницата со ул.Првомајска. Во прва зона влегува и левата страна од ул.Првомајска. Првата зона продолжува од раскрсницата на улиците Првомајска, Радњанска и крак од ул.Илинденска покрај јазот до насипот на река Бошава. Во прва зона влегуваат улиците: -улица 11-ти Октомври, улица Јане Сандански, улица Маршал Тито, улица Илинденска, улица Првомајска-левата страна на улицата, улица 8 ми Март, улица Питу Гули, и улица 29-ти Ноември. Пазарната вредност на градежното земјиште во првата зона изнесува 615 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура. Втората зона ја опфаќа улица Маршал Тито од раскрсницата со ул.Првомајска до клучка Демир Капија и десната страна на ул.Првомајска, улицата Радњанска, улицата Гоце Делчев, десната страна од ул.Илинденска која што почнува од раскрсницата со ул.Првомајска врти десно по ул.Илинденска покрај јазот до насипот на р.Бошава. Улица Борис Кидрич, ул.Наум Наумовски, ул. Орце Николов, ул.Кирил и Методиј, ул.Партизанска, ул.Партизанска 2, ул.Даме Груев, ул.Тиквешка, ул.Димитар Влахов и ул. 4-ти Јули. Во втора зона влегува и индустриската зона Попова Кула. Пазарната вредност на градежното земјиште во втората зона изнесува 553 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура. Третата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарските општини на селата: Чифлик, Дошница и Корешница.Пазарната вредност на градежното земјиште во третата зона изнесува 375 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура. Четвртата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарската општина на селото Бистренци. Пазарната вредност на градежното земјиште во четвртата зона изнесува 265 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура. Петтата зона го опфаќа градежното земјиште во катастарските општини на селата: Клисура, Прждево, Челевец, Лака, Дрен, Драчевица, Копришница, Бесвица и Барово. Пазарната вредност на градежното земјиште во петтата зона изнесува 154 денари за метар квадратен со вклучена целосна инфраструктура. Пазарната вредност на градежното земјиште до кое има уредено делумно комунална инфраструктура (довод на електрична енергија, канализациона мрежа, водоводна мрежа, асфалтен пат и пристап со земјен пат) се пресметува согласно табела 1 (во која согласно уреденоста на градежното земјиште со инфраструктура, детално се утврдува цената за метар квадратен градежно земјиште) и истата е составен дел на оваа Одлука. Пазарната вредност на градежното земјиште до кое нема комунална инфраструктура (довод на електрична енергија, канализациона мрежа, водоводна мрежа, асфалтен пат и пристап со земјен пат) изнесува 80 денари за метар квадратен градежно земјиште. Шестата точка од дневниот ред се однесуваше на донесување Одлука за утврдување на пазарната вредност на земјоделското земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2022 година која се утврдува според просечната цена на извршените купопродажби на земјоделско земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2021 година. Имајќи го во предвид бонитетот и интересот за купување на земјоделско земјиште на територијата на Општина Демир Капија и населените места, подрачјето на Општина Демир Капија е поделено на четири групи за кои е утврдена вредноста на земјоделско земјиште за 1м2 по катастарски општини. Седмата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Велес, Градско, Лозово, Росоман и општина Демир Капија за вршење на работи во рамки на проектот „Поблиску до граѓаните - Зајакнување на општинските услуги преку нови технологии до советот на општина Велес. Со меѓуопштинската сиработка ќе се подобри квалитетот на општинските услуги во сите области на надлежност преку воведување на нови технологии, преку изготвување на софтверско решение што ќе опфати дигитализација на општинските услуги кое ќе биде заедничко за сите општини. По разгледување на осмата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за утврдување на предлогoт за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Демир Капија и општина Струмица за обезбедување на услуги од општина Струмица за потребите на општина Демир Капија од областа на градежната инспекција. Потоа се премина на деветата точка на која беше донесена Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (по барање бр.УП I 10-142 од 13.09.2021 година). Десетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (по барање бр.УП I 10-143 од 13.09.2021 година). Единаесетата точка од дневниот ред се однесуваше на донесување Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (по барање бр.УП I 10-144 од 13.09.2021 година) која по разгледувањето исто така беше усвоена. Потоа се премина на дванаесетата точка на која беше усвоена Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2022 година. По разгледувањето на тринаесетата точка беше усвоена Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија за 2022 година. Потоа се премина на четиринаесетата точка на која беше усвоена Годишната програма за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2022 година. Петнаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во општина Демир Капија за 2022 година. Шеснаесетата точка од дневниот ред се однесуваше на Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Демир Капија за 2022 година. Оваа точка беше тргната од дневен ред и беше договорено да биде преместена за наредната седница. По разгледувањето на седумнаесетата точка беше усвоен Оперативниот план за дејствување во зимски услови на територијата на Општина Демир Капија 2021/2022 година. Потоа се премина на осумнаесетата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог програма за работа на Советот за 2022 година во состав од: Андон Крстевски, Сузана Крстевска и Јулијана Гацева. Деветнаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за давање согласност на годишната програма за работа и развој (со финансиски план) на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија за 2022 година усвоена од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на 16.12.2021 година. Потоа следуваше дваесетата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението на цената на водата за пиење усвоено од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на 16.12.2021 година. Дваесет и првата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Решение за давање согласност на Одлуката за цената на надоместокот за отпадни води усвоена од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на 16.12.2021 година. Потоа се премина на дваесет и втората точка на која беше усвоен заклучокот на извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Демир Капија за 2021 година. По разгледувањето на дваесет и третата точка од дневниот ред беше усвоен заклучокот на Програмата за работа на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2022 година на која е дадена согласност од Управниот одбор на установата на седницата одржана на ден 10.12.2021 година. Седницата заврши со советнички прашања.