На 6 јули во с.Бистренци започна Традиционалниот Петровденски Турнир Бистренци 2021 година. Годинава за учество на турнирот се пријавија 14 екипи, кои ке се натпреваруваат во наредните 10 дена. Турнирот Свечено го отвори Градоначалникот на Општина Демир Капија господинот Лазар Петров. На свеченоста присуствуваа претставници од локалната самоуправа претставници на бизнис секторот и жителите на с.Бистренци. Пред почетокот на првиот натпревар кратко излагање за значењето на турнирот презентираа најмладите членови на организациониот одбор веднаш потоа настапија младите играорци од КУД„ Мирка Гинова“од Демир Капија.