МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова oпштинско тело во Демир Капија ја одржа 37 по ред редовна седница

На состанокот беа разгледани и усвоени седум точки од дневниот ред. Предлог Програмата за работа на Советот на општина Демир Капија за 2017 година беше едногласно усвоена а по разгледувањето беше донесена Одлука за Програмата за организирање на манифестацијата за денот на лозарите Св.Трифун, насловена како “Недела на традицијата Св.Трифун 2017-Демир Капија“.На 37 седница беше донесено Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2017 година на ОУ Дом на култура „Мирка Гинова“- Демир Капија а беше донесен Заклучок за усвојување на Извештајот за работата и постигнатите резултати во првото полугодие од учебната 2016/2017 година на ООУ“Димче А.Габерот“Демир Капија.

Петата точка се однесуваше на Решение за одобрување на финансиски средства на Црковен одбор на Црква “Св.Атанасие“ с.Прждево а седницата заврши со донесување на одлука за детален урбанистички план за земјоделско стопанство во Демир Капија и советнички прашања.