ГФК Тиквеш на Градскиот стадион во Кавадарци извојува вредна победа над една од подобрите екипи во 2-Фудбалска лига Исток-ова сеозна, Кит-Го.Противникот е победен до 1:0.Meтодија Делов го постигна единствениот гол во 65 минута. Трите бода останаа во Кавадарци што беше и цел на тренерот Љупчо Димитковски.До крајот на ова полуетапа остануваат уште две тешки средби на кавадарчани.Тие ке играат на жешките терени во Штип и Велес со Брегалница односно Борец.

Инаку во ова коло во Втората лига исток Борец ја победи Бреганица со 3 :2,Кожув го гости го победи Партизан од Обршани, а Саса и Плачковица играа без голови 0:0.

 

 

Tренерот Љупчо Димитковски-Гањо, задоволен од пласманот на втората позиција на табелата на 2 Фудбалска лига-Исток.Тој најави борба за остварување на највисок пласмин и исполнување на  целта-влегување во  Прва лига.Во зимскиоот период се најауваат 4-5 нови засилувања . Градот и спортот во Кавадарци заслужуваат да гледаат прволигашки фудбал.

Капитенот Ѓорѓи Мојсов  е задоволен од  неговата и играта на фудбалерите, од навивачите и побара поголема присутност на публиката на трибините.

Стадионот и трибините и соблекувалните  бараат инвестициони вложувања.

Нов предизвик за фудбалерите на ГФК Тиквеш.Во сабота во 13.00 часот на Градски- кавадареките фудбалери ја пречекуваат екипата на  ФК Кит -го од Штип.Ова екипа  прилично добро котира во Втората фудбалска лига  - Исток, и победата , на која Димитковски  смета, ке биде добредојдена и вредна  заради сигурноста на клубот.Тиквеш до крајот на ова полуетапа има две тешки средби со Брегалница и Борец .И двете ги игра во гости.

Утре - сабота 01.12 .2018-ФК Борец  игра со  ГФК ТИКВЕШ  во 13:00 часот  на Градскиот стадион  во Велес .Ова е  последната средба ова полуетапа на првенството во 2 ФЛ-Исток. Тиквеш оди на победа без разлика на фаворитската улога  на Борец кој е на првото место на табелата  во ова натпреварување, и има иста амбиција со кавадарелкиот второлигаш.Победата или нерешен резулат на натпреварот, ке го дефинира   Тиквеш како тим   кој  има сериозна аспирација за Прва фудбалска лига во Македонското првенство.

Имаме информација дека навивачката група „Локази исток„ со  нивни категории навивачи, ке присуствува на средбата и ке навиива за ГФКТиквеш 1930.

Нерешениот исход од средбата со Вардар е минато.ГФК Тиквеш очекува победа против Кит-го.“Оправдувања за резулаттот нема.Потфрли нападот и средниот ред„- вели тренерот Димитковски.

Утре сабота 24 ноември ФК Брегалинца  го  пречекува  ГФК Тиквеш.Значаен натпревар  за домќините но и за Тиквеш.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Штип во 13.00.Инаку на Тиквеш му претстои уште една тешка средба со Борец во Велес- во последното коло од првата полуетапа на 2 ФЛ Исток.

46409604_559204517863761_1249832519608565760_n.jpg

Во пресрет на утрешната средба ГФК Тиквеш Вардар-Неготино, денеска  младинскиот погон во неколку категории имаа серија натпревари со истоимената екипа од Неготино.Сите средби ги доби Тиквеш, освен генерацијата  2008 која играше нерешено 4:4..Голем успех за младите  надежи на  ГФК Тиквеш кој беа неприкосновени.Забележителна е победата на генерацијата  2006.

Еве ги коплетните резултати:

 

ГФК Тиквеш - Вардар Неготино

Генерација 2006 Тиквеш - Вардар 3:1
Генерација 2007 Тиквеш - Вардар 4:3
Генерација 2008 Тиквеш- Вардар 4:4
Генерација 2009 Тиквеш- Вардар 3:2
Генерација 2010 Тиквеш - Вардар 4:1

напомена:

Генерација 2006 е на првото место без пораз во оваа сезона

Повеќе артикли...