Во прoектот се вклучени : Кит –Го, Работнички и ГФК „Тиквеш 1930“.Компанијата Кожувчанка  од Кавадарци е главен спонзор.

Големиот светски Фудбалски клуб -Реал Мадрид со Фондација преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“, го стартува новиот голем проект за организација на фудбалски кампови со фудбалските клубови во државата. Годинава организатори организатори на проектот „Реал Мадрид Фондација Клиник“ сеФК Работнички ,ФК  Кит-Го и ГГКТиквеш 1930.

„По незаборавните доживувања со претходните два кампа, „Real Madrid Foundation Campus Experience“ во Скопје и во Охрид, чест ми е што можеме да одиме едно скалило погоре и во Македонија да го реализираме следниот нов проект именуван во „Real Madrid Foundation Clinic”. Тој ќе се реализира исклучиво во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија и чест ни е да ја најавиме соработката со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и Тиквеш, која ќе се реализира истовремено, од 17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци. Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери од македонските клубови и школи ќе имаат можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности и ќе се стекнат со неверојатно фудбалско искуство, додека тренерите од фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и Тиквеш, ќе бидат вклучени во кампот и ќе работат според уникатниот пристап и методи за обука на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ – рече денеска Влатко Тодев, прв човек на „Еуроспорт Арена“.

-„ГФК„Тиквеш е дел од овој проект на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ .Клубот ќе сторисе за нашата младинска школа, а и сите други фудбалери кои ќе имаат желба, да уживаат максимално и да ги научат тајните на фудбалот од врвните тренери на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во нашиот град“ – изјави Трајче Димитриев, претставникот на ФК Тиквеш.

На прес-конференцијата присуствуваа и претставници на Iute Credit и на Ресурсен Центар, Михаил Андоновски и Александар Мазнев, кои исто така ќе бидат вклучени во организацијата на овој голем фудбалски проект на „Реал Мадрид Фондација“.

Koмпанијата КОЖУВЧАНКА  од Кавадарци повторно еден од главните поддржувачи на  врвниот светски спорт конкретно на Фонадацијата РЕАЛ Мадрид, со што истовремно го помага развојот на врвниот фудбал во Македонија.

Тренирањето фудбал е сон на секое дете кое ужива во овој спорт.

 Искористете ја големата можност, за време на летниот одмор, да ги посетите камповите на REAL MADRID FUNDACIÓN CLINIC MACEDONIA.

Нашата филозофија се базира на 5 вредности: Пријателство, еднаквост, праведност, здравје и победа! Вредностите ни помагаат да создаваме и одржуваме вистинска атмосфера и одлично расположение на кампот.

Нови впечатоци, пријателства и непроценливо искуство ги чекаат нашите учесници!

Камповите Clinic во Скопје, Штип и Кавадарци започнуваат на 17 јуни!

Регистрација и информации:
http://www.sportarena.mk
http://www.campusexperiencermf.com

☎️+389 72 222 858

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА