Четири години откако Горан Самарџиев го крена шампионскиот пехар, балканската БИБЛ лига повторно се враќа во градот на својот поранешен освојувач. Во рамките на второто коло од регионалната лига, кошаркарите на Фени Индустри во среда, 19 октомври, во својот „Јасмин“ ќе го пречекаат тимот на Тирана во обидот по четири години да стигнат до нова победа.

Во најавата на мечот, Горан Самарџиев кој сега е прв асистент на Љупчо Малинков се наврати на натпреварот кој го заврши со пехарот во своите раце. „Кога годинава го потврдивме учеството во БИБЛ, прво што ми падна на памет е баш тој финален натпревар и радоста што му ја подаривме на Кавадарци, на Македонија и најмногу на Фени Индустри бидејќи ни овозможи одлични услови за функционирање на еден клуб во земјата. Имавме многу голема желба да победиме на тој натпревар, дури можам да кажам дека имавме и позитивна трема пред натпреварот, знаејќи дека играме дома, пред нашата публика и дека мора да победиме. Тоа беше голема победа за еден мал град и релативно млад клуб без некое искуство во Европа. Целиот град живееше за кошарката тие денови, што беше незаборавно. Од друга страна направивме историја, и сеуште нашата титула е единствена титула на македонски во Европа па макар било тоа и од БИБЛ“.

Екипата на Тирана веќе ја запиша првата победа во новата сезона со триумфот против Трепча, но Самарџиев е оптимист и верува дека може да го добијат тимот од главниот град на Албанија. „Имаме доволно информации и видео материјали од првиот натпревар на Тирана, така да подготвени го дочекуваме овој натпревар. Нашата предност ја гледаме во поголемиот фонд на играчи и подолгата клупа, а секако најмногу домашниот терен и нашата подршка од трибините. Мислам дека сме поквалитетна екипа од Тирана, но тоа мора да го докажеме на терен. Играчите се желни за победи и ќе го дадат својот максимум па дали ќе биде тоа доволно ќе видиме во среда“.

Натпреварот Фени Индустри - Тирана започнува во 19 часот, a вратите во спортската сала „Јасмин“ ќе бидат отворени еден час порано.

216 Сантиметри високиот Драган Тубак е најновата аквизиција на кошаркарскиот клуб Фени Индустри кој засилено се подготвува за престојниот, шести по ред меморијален турнир „Димитар Ѓорѓиев“ и почетокот на новата кошаркарска сезона. Високиот Тубак кој ќе биде првиот избор на Малинков на центарската позиција доаѓа од мароканскиот МКО, а претходно има настапувано во Белгија и за српските Борац и Раднички. Тубак е роден на 10 април 1987 во Бања Лука, а се очекува премиерно да биде претставен на кавадаречката кошаркарска и спортска јавност наредниот викенд за кога е закажан меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“.

 

Кошаркарите на Фени Индустри ќе се обидат да го вратат пехарот од меѓународниот меморијален кошаркарски турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во своите витрини и тоа токму од сеуште актуелниот освојувач, МЗТ Скопје, откако вчера двете екипи беа подобри од своите противници во полуфиналните натпревари од меморијалот.

Во првиот натпревар на турнирот, МЗТ Скопје дури во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на косовскиот вицешампион, екипата на Пеќ, за на крајот да слави и убедлива победа од 75-57. Темс со 16 беше најефикасен играч кај МЗТ, за кој по 12 поени постигнаа Клоф, Мејси и Лалиќ, додека кај Пеќ најрасположени за игра беа Рид со 20 поени и Нихановиќ со постигнати 12 поени

На паузата помеѓу двата полуфинални натпревари следеше и официјалното отворање на турнирот на кое зборуваше заменик генералниот директор во Фени Индустри, Никола Ризов, кој на кратко се осврна кон животниот пат и визионерството на Димитар Ѓорѓиев, а традиционално, потфрлањето на топката го изведоа наследниците на Ѓорѓиев, Димитар и Давид.

Веднаш потоа следуваше и вториот полуфинален натпревар помеѓу Фени Индустри и Кожув кој донесе изедначена, рамноправна и крајно возбудлива битка во текот на сите 40 минути. Драмата траеше се до последната секунда од натпреварот, во која најпрво Абрамовиќ погреши од линијата за слободни, по што мораше да го промаши и второто слободно фрлање, но и покрај офанзивниот скок, гостите го промашија шутот за изедначување, за конечни Фени Индустри - Кожув 78-76. Павиќ со 25 поени беше убедливо најефикасниот играч кај Фени, а на врвот на листата на стрелци се најдоа и Шарабидзе со 14 и Чешковиќ со 12 поени. Кај Кожув Мек Нил и Абрамович постигнаа по 15 поени.

Согласно програмата, турнирот завршува денес со натпреварите за трето и прво место. Во малото финале кое на програмата е во 15 часот се среќаваат Кожув и Пеќ, додека во битката за трофејот Фени Индустри го очекува актуелниот шампион МЗТ Скопје, во натпреварот кој е закажан за во 17 часот. Влезот за двата натпревари е бесплатен.

Следни настани

SOU-BRKO
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:48 am   |   Sunset: 7:20 pm
21%     35.4 km/h     33.051 bar
Forecast
Вто Low: 16 °C High: 27 °C
Сре Low: 11 °C High: 28 °C
Чет Low: 14 °C High: 31 °C
Пет Low: 13 °C High: 33 °C
Саб Low: 16 °C High: 34 °C
Нед Low: 15 °C High: 35 °C
Пон Low: 16 °C High: 35 °C
Вто Low: 17 °C High: 36 °C
Сре Low: 18 °C High: 35 °C
Чет Low: 18 °C High: 34 °C