Педесетина џудисти од сите возрасти од џудо клубовите Гладијатор од Кочани, Сенсеи од Радовиш и Кожувчанка од Кавадарци во неделата, 5 март, во спортската сала „Јасмин“ оддржаа заеднички тренинг

 

Екипата на Металург ГРК-„Тиквеш“ стартува со настапите во рамките на напреварувањата во мини лигата на Металург.Овој викенд играа две наши екипа и тоа  деца-ракометари родени 2002 и ракометари родени 2004.
Според нивниот тренер Кире Василев , кој е искусен стручњак за ракомет кај нас,прикажана е добра игра и остварени две победи што посебни импонира.
Во Делчево вчера се одигра првото коло и нашиот тим забележа две победи: Генерација 2002 –ГРК Тиквеш-Торо Спорт-Виница- 13-6 и Генерација 2004 и помали на ГРК „Тиквеш“-Брегалница- 15 -2.Според Василев најдобри во нашиот тим биле Мартин Петров и Стефанија Милков.

 

Ракометарите на Градскиот ракометен клуб „Тиквеш“ продолжуваат со серијата на натпревари  во Првата машка ракометна лига со најсериозните кандидати за пласман во суперлигашкото друштво.Во новинарскиот нотес бележиме уште еден пораз : 25-27.Нашите ракометари машки се бореа за што сведочи и резултатот од полувремето 12 : 15, но сепак со мала помош на судиите гостите си отидоа со  бодови од ова гостување  дома.

Денеска попладне во Спортската сала „Јасмин“ избраниците на професорот Блаже Велков  играа соекипата на Риниа.Овој ракометен состав  по седум  кола високо котира на табелата и се наоѓа на третата позиција .ГРК Тиквеш загуби со резултат  27-25 од Риниа.

На 27 септември 2015 година, во Бијељина, Босна и Херцеговина се одржа Меѓународниот турнир „Ноќ на шампионите 2015" На натпреварот учествуваа 558 натпреварувачи од 55 клубови и 7 држави: Бих, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија. Настапи и КК Урбан Инвест со : Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова, Миа Маневска, Моника Коцх, Лили Маневска, Лидија Анѓелкова, Петар Аврамов, Никита Николоски, Лазар Стоев, Блаже Коневски, Игор Јовков, Илија Димитријов, Александар Стојков, Данка Стојкова, Кристина Тодорова, Тамара Манева, Јована Манева, Стефанија Грозданова, Марија Трајкова и Анастазија Ристов. Карате клубот Урбан Инвест е прв на ранг листата во кати а додека во генерален пласман (кати и борби) се пласираше на третото место од 55 клубови со освоени 6 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. Златни медали освоија Владанка Аврамова - кати поединечно 13 години, Никита Николоски - кати поединечно 10 година, Данка Стојкова - кати поединечно 9 години,Ката тим јуниорки во состав: Лили Маневска, Лидија Анѓелкова и Моника Коцх, Ката тим женски 13/14 години во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска , Ката тим машки 13/14 години во состав: Блаже Коневски, Игор Јовков и Илија Димитријов. Сребрени медали добија ; Блаже Коневски - кати поединечно 14 години, Стефанија Грозданова - кати поединечно 11 години, Александар Стојков - кати поединечно 9 години а брозени медали освоија Моника Коцх - кати поединечно 14 години, Кристина Тодорова - кати поединечно 14 години, Петар Аврамов - кати поединечно 11 години и Ката тимот машки 11/12 години: Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев.

Повеќе артикли...

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C