МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фолклористите од КУД "Ацо Ѓорчев" од Неготино се вратија од петдневната турнеја во Бугарија ,за ова информираше денеска директорката на неготинскиот Центар за култура Мирјана Димова. Впрочем, друштвото работи во рамките на културниот центар. Таа нагласи дека по трите успешно реализирани турнеи во српско Врање, Градишка во Босна и Херцеговина и во Будва, Црна Гора, каде што со своите настапи успешно го презентираа македонскиот и фолклорот карактеристичен за неготинскиот крај, членовите на културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ од Неготино и понатаму продолжуваат со континуираните настапи во земјава и странство. -Во периодот од 27 до 31 август членовите на друштвото престојуваа во градот Русе-Две Могили во соседна Бугарија, каде што земаa учество на 12 меѓународен фолклорен фестивал, кој традиционално се одржува во овој град, соопшти директорката на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" Јованова нагласи дека ова беше уште еден успешен настап на членовите на неготинското друштво и афирмирање на македонскиот фолклор на меѓународно ниво. Така ќе продолжат и во иднина.