Сопственикот на хотелот ги демантира сите шпекулации за наводна продажба на објектот.
Oд Дирекцијата на Хотел Фени вчера на нивната официјална Фејсбук страница се деманатирани невистините и озборувањата во градот за наводна продажба на овој угостителско – хотелски објект ,кој е еден од најубавите на овој цел на Македонија
Имено одовде ги отфрлаат наводите дека хотелот е продаден или пак дека наводно се откажани сите веселби кој претходно биле закажани.Од хотелот изричито ги деманитираат и шпекулациите за пренамена на истиот во казино.
Од Хотел Фени велат дека никогаш досега не биле на продажнба , и објектот не е продаден , и што е важно, не се планира никаква продажба.
Обраќањето на овој начин, значи и дека сите граѓани или деловни субјекти кои имаат закажано било какви веселби во хотелот или друг вид на свечености- ке се одржат. Истите и понатаму острануваат приоритет – нема да има измени во договорите и ќе бидат одржани како е дефинирано во самите договори.
Сопственикот на хотелот на сите следбеници и идни клиенти да им ја честита Новата година и им посакува здравје и успех во животот.