Во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов-Климе“, Кавадарци.беше отврена изложба под наслов „Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ .

Се работи за заеднички настап на уметничката група Егзит од Јужна Кореја на следните автори: Гиљце Цонг, Донграк Сон, Иксонг Џин, Инсук Риу, Јунтек Са, Кјусан Ли, Лој Ким, Миџонг Ли, Сангу Хан, Санјонг Ли, Чанглим Ли и Џијан Мун.

На изложбата говореше актерот Александар кој присуртнитре ги запозна со поентата нацелиот проект и основните вредности кои ги застапуваат уметниците од Јужна Кореја.

Уметникот Маја Кировска-која е главен организарот на изложбата нагласи дека едно од клучните филозофски прашања, прашањето за постоењето, ги проткајува делата на членовите на групата Егзит.

„ Авторите зборуваат за теми поврзани со домот, семејството, животната средина, меѓучовечките односи, детството, желбите, соништата, сето она што ги опкружува, го обликува нивниот поглед и ги тера на размислување. Делата се работени во различни техники, како слика, графика, цртеж, дигитален принт, скулптура, инсталација и т.н., а она што ги прави визуелно впечатливи е истакнатиот црно-бел контраст или несекојдневно живиот колорит како и специфичните материјали од кои се изработени. “ –рече Маја Кировска