МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локалната самоуправа и подобрување бизнис климата во тиквешкиот регион.

Работна средба на претставници од Бизнис конфедерацијата со претприемачите од Тиквешијата се одржува денеска во Кавадарци. Претседателот Миле Бошков во изјава за медиумите, нагласи дека ваквите средби на кои се соопштуваат идеи и предлози, вродуваат со плод.

-Пред се, средбата е да поразговараме со бизнис заедницата и претставниците на локалната самоуправа околу предлог политиките кои ќе почнат во иднина да делуваат за подобрување на социо економската состојба, односно на бизнис климата во тиквешкиот регион, рече Бошков.

Тој додаде дека идеите и предлозите кои се соопштуваат на ваквите средби, подоцна се реализираат со помош на општинските економско социјални совети.