МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Веќе 20 години, програмата Црвен крст во акција-промоција на хуманите вредности, продолжува да се имплементира во сите Општински организации на Црвен Крст, меѓу кои и во Општинската организација на Црвен Крст на град Кавадарци.

Имплементацијата на оваа програма оваа година беше овозможена со поддршка на Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Преку оваа програма група на ученици од основното училиште „Тошо Велков Пепето" за својот хуманитарен проект денеска, 14 март 2017 година организираше хуманитарен турнир во фудбал и кошарка со цел преку нивниот проект да ги мотивираат нивните соученици и заедницата на хумани дела, активно да се вклучат во помагањето на социјално загрозените семејства во Кавадарци.

Преку собраните средства со овој турнир нивната група ќе им помогне на загрозено семејство чии што деца се ученици во нивното училиште. За таа цел, покрај вклученоста на Црвениот Крст на град Кавадарци, голема поддршка им даде и директорката, г-ѓа Ѓурѓица Алексова, која со тимот во училиштето им овозможи во организирањето на овој хуманитарен настан.