МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска кај село Сопот –направен увид во работите на магистралната делница Штип-Кавадарци-Битола

Денеска во близина на село Сопот-Кавадаречко претседателот на ВМРО-ДПМНЕ -Никола Греуевски со владин тим направи увид во работите на гасоводот кој се гради во Македонија.Конкретно завршени се со изградба повеке од 60 насто од магистралната делница Штип-Кавадарци-Битола со вкупна должина од 37 км. И вредност од околу 37 милиони евра.

– Република Македонија од својата самостојност до денес се соочува можеби со еден од најчувствителните периоди, важни за нејзиното понатамошно функционирање и постоење. Народот и сите граѓани покажуваат исклучителна зрелост и го препознаваат моментот кога треба да се одбрани суверенитетот и нејзиниот граѓански карактер. Дури и во овие мигови на исклучителна сложеност на работите ние продолжуваме да работиме и да го исполнуваме ветеното за граѓаните. Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра – вели Груевски.

Тој истакнува дека овој гасовод ќе биде готов за околу две години и дека во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој треба да биде завршен до крајот на оваа година, а веќе се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар.

Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства.Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓу другото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.