НА прес конфенерцијата говореше претседателот на ОО на СДСМ- Вуко Мелов.
Интегрален трекст,
“Почитувани граѓани
Согласно одредбата на Владата за повластена, субвенционирана цена на електрична енерегија за стoпанствотото, вклучително и пекарниците како и реалните цени на пченицата, природниот гас и горивата се донесе одлука за замрзнување на цената на лебот како основен прехранбен продукт со продажна цена од најмногу 33 денари.
Оваа одлука на Владата беше донесена во функција на заштита на стандардот на граѓаните и спречување на профитерство во услови на светска криза врз грбот и егзистенцијата на нашите граѓани.
Во блиска иднина, опција е замрзнување на цените и на останати основни продукти исто со цел заштита на интересите и стандардотот на граѓаните.
Апсолутно сме убедени дека обидите за профитерство во услови кога Владата излезе со сет мерки директна и сериозна помош за стопанствотото, се целосно неприфатливи и се обид за директен социјален удар врз интересите, квалитетот на животот на граѓаните.
Владата целосно се става во функција на заштита и согласно инстуционалните можности и капацитети со директна контрола на спроведување на мерката, се обезбеди замрзнатата цена на лебот од 33 денари.
Единствено констатираме дека ВМРО ДПМНЕ и Левица во отсуство на било каква релевантна политка се ставија во функција на профитерството и против интересите на нашите граѓани.
Дефинирајќи притоа тотално отсуство на било какво чувство за стандардот и интересите на луѓето.
Притоа манифестирајќи нескриена желба за политичко профитерство и ситни партиски интереси врз грбот на граѓаните.
Но тоа е позната приказна која почнува и завршува во партиските штабови.
Никако во реалниот живот и интересите на нашите граѓани.
Кризни профитери имало, има и за жал ќе има.
За нив секогаш е обезбеден столбот на срамот на граѓаните.
Продлжуваме одговорно, посветено и во функција на заштита на интересите и животот на граѓаните, ставајќи ги во функција сите свои капацитети во реализација на одговорни и социјални политики.
Вуко Мелов
Претседател на О.О СДСМ Кавадарци„