Нова донација на Ротари клубот од Кавадарци.
Водејќи се според мототo „За децата на Кавадарци“,Ротари клубот од Кавадарци ја дава поддршката онаму каде што е најпотребна, а во овој случај тоа беше фитнес зоната која се наоѓа во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ и бенефитети од неа веќе можат да ги користат сите љубители на спортот и фитнесот.
Претседателот на ротаријанска 2015/2016 година Јордан Николов апелираше до корисниците на фитнес центарот на отворено, за домаќинско одржување , со цел негово подолго користење.
Претседателот на овогодинешната ротирајанска година Бранко Колев пак 2016-2017 информираше дека следуваат уште два проекта. Се работи за реновирање на Фолклорната сала во домот на културата вредно околу триста илјади денари а вториот е реновирање на детското одделение во здравствен дом Кавадарци кој чини исто толку. Првиот е веќе во завршна фаза, па ќе се отпочне со реализација и на вториот. Парите се од членарина и донации во ротари клубот.
(Во видео прилогот говорат: Јордан Николов и Бранко Колев-Ротари клуб Кавадрци)