Курс за шиење / Д-р Каламчев со ученици и наствиници 1928 година/ Кавадаречките интелектуелци 1938 година
-На фотографијата се кандидатки за бесаплатен курс за шиење, кроење и везење со машините “Сингер“, организиран 1928 година .Истиот бил одржан со помош на инструктори од 5 до 17 декември 1928 година во с.Марена.
-Втората фотографија е направена на одбележување на денот на Црвениот крст од страна на учениците и наставниците од нижата гимназија во Кавадарци, предводени од д-р Ѓорѓи Каламчев 1928 година. Снимена на Црквинската улица, денес „Мито Хаџи Василев-Јасмин“.
-Третата малку - позната фотографија на група кавадаречки интелектуалци од 1938 година.На не а се :Димката Ангелов-Габерот-учител, Страшо Пинџур-студент на право, Бошко Марковиќ-фармацевт и сопственик на првата аптека во Кавадарци, Васил Хаџиманов-м-р по фармација, помошник во аптеката на Марковиќ, Лела Марковиќ-учителка, Василка Велкова-учителка, Владо Поповски-учител, Илија Шкартов-фотограф ,и др. Фотографијата е направена во фото студиото на Шкартов.
Од фототеката на Музеј Галеријата