По барање за средба на предсетателот на М.З. Марена заедно со жители на селото, вчера Градоначалникот Митко Јанчев го посети селото со службите од општината и Ј. П. Комуналец.
При посетата се одредија низа активности кои треба да се извршат во селото, од кој чистењето на Овчка Река се започна веднаш со помош на механизацијата на ЈА-МИ. Исто така во Марена се одреди и локација за хортикултурно уредување од 500м2 која е предвидена во програмата на Ј.П Комуналец за озеленување на нови површини. Ќе се врши и поправка на урбаната опрема и детските игралишта, а пред трепезаријата на црквата во Марена ќе се изврши партерно уредување. Во сeло Марена се предвидени и поплочување на некои улици за кои се чека довршување на тендерски постапки за отпочнување на истите.

 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      