МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МПЦ препорачува да не се поддржува паганскиот обичај-палењето на оган и пеење на безобразни песни

Коледарските огнови се долгочекувана традиција, која во градовите и селата во Македонија се практикува последните 50-тина години според обичаи кои нашата МПЦ не ги поддржува.Се зборуваше за нарушување на христијанската вера со обичаите –на коледица , со пеењето на безобразни песни, но премолчано се дозволуваше обичајот со сите церемонии а пред се со големите огнови да се одржи.

Годинава веќе не е така.Лично Архиепископот г.г. Стефан, кој воедно е и Митрополит на Скопската епархија во пресрет на празниците кои доаѓаат пред се Бадник и Божиќ ,потпиша Повелба со која им се забранува на свештениците од оваа епархија годинава на Бадник да присуствуваат и да ги благословуваат бадникарските огнови.Повелтата е обврзувачка и задолжителна. Таа е донесена во контекст на напуштање паганските елементи во празнувањата на Божик. Со неа сите свештениците се задолжуваат да не присуствувата на коледарските огнови.Како тоа ке биде практикувано меѓу граѓанството ке видиме?!

Песната „Вечниот Бог„ која е посветена на доаѓањето на Бога ке биде главниот музички симбол кој ке се пее во црквите под јурисдикција на МПЦ.Само во Скопје 2.000 деца ке ја пеат ова песна. За неа текстот е прифатлив а мелодијата певлива.

„Црквата со ова не ја нарушува традицијата, бидејќи таа е само чувар на преданијата.Откажуваето од нехристијанската традиција-палењто на огнот, е должнст на нашата црква“- коментираат кавадаречките свештеници во изјава за РТК.МК.

Каква примена ова новина ке има во кавадаречко,ке видиме на 5-јануари вечерта и на 6-ти наутро...