На работилницата активно учество зедоа учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ и се стекнаа со нови знаења.
Мажите и жените конечно да бидат на исто рамниште, за тоа и да се случи, неопходно е подигање на свеста за капацитетите и можностите и на едните и на другите, уште во најрана возраст. Средношколците од гимназијата „Добри Даскалов“ беа запознаени со концептот на родовата рамноправност од страна на фондацијата „Елена Лука“ која организира серија едукативни работилници
Целта на овие едукации е да се поттикнат и охрабрат младите во својата средина за родовата рамноправност и да го спречат насилството.Работилницата, е дел од повеќегодишна програма која се спроведува во повеќе општини во Македонија.
Освен надминување на родовата нерамноправност, од големо значење е младите да знаат да го препознаат семејното насилство и да се охрабрат истото да го пријават до надлежните институции.
(Изjјави :Благородна Шопова – фондација „Елена Лука“и Јоана Коцева – „Визија“ Кавадарци)