МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Значајна изложба за вредноста на оставштината во кавадаречкитре манастири .

На 27 плакати во стаклени рамки беа презентирани околу 100 фотографии од Полошкиот, Моклишкиот и Бошавскиот манастир и дел од оригиналниот иконопис и резба од црквата Свети Ѓорѓи при Полошкиот манастир.

Весна Ѓорѓиева, виш кустос, историчар на уметност при кавадаречкиот музеј, денеска на отварањето на изложбата рече дена црквите и манастирите во Тиквешијата како и останатите средновековни манастири во Македонија како упоришта на православниот монашкиот живот со својата богата историја, духовна и материјална култура, рече дека тие отсекогаш предизвикувале интерес со својата амбиенталност, архитектура, иконопис, резба, ѕидно сликарство, мобилијар и останатото движното културно наследство кое го поседуваат. Тие се свидетели на вековната традиција на источно христијанската култура и богатото религиозното творештво на нашиот народ.

Како духовни и културни центри имале мошне значајна улога и во ширењето на описменувањето и образованието на луѓето од овој крај. Тие биле седишта на првите ќелијни училишта во овој дел на нашата држава и тоа од триесетите години на 18 век, најнапред во Полошкиот а подоцна и во Моклишкиот манастир. Училиштата биле поделени на световни и духовни, односно на граѓански и црковни. Манастирските конаци во тиквешките манастири располагале и со богати библиотеки во кои имало богат фонд на црковни книги и стари ракописи. Полошкиот манастир Свети Ѓорѓи располагал со богата библиотека која имала околу 50 товари книги, а Моклишкиот манастир Свети Никола библиотека со околу 20 товари книги и стари ракописи. Меѓутоа со текот на времето од многу причини овие богати библиотеки биле запустени, а од црквите и манастирите од Тиквешијата однесено непроценливо движно културно наследство.

На изложбата која побуди значаен интерес,покрај Ѓорѓиева, говореше Петре Камчевски-директор на музејот.