Посетата е во рамките на кампањата “ЕУ за тебе”.
Шефот на делегацијата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар денеска ја посети општина Неготино во рамки на кампањата "ЕУ за Тебе". Кампањата има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. Жбогар денеска се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и разговараа за проектите кои се финансирани од ЕУ.
Бенефитите од реализацијата на двата проекта ќе ги користат сите граѓани на општина Неготино, нагласи Апостолов. Задоволство од посетата на Неготино изрази и амбасадорот Жбогар, кој исто така се осврна на завршувањето на проектот што е поврзан со пчеларството преку обуки на пчелари како и производство на мед.
На завршниот настан имаше и едукативни активности во рамките на проектот од страна на стручни лица, се спроведе и панел дискусија и на крајот се донесоа заклучоци и препораки за проектот за поддршка на пчеларството.