МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За неколку часа се продадоа два шлепери јајца

Коментар на ФБ постот на наш граѓанин ни го привече вниманието

Во него е кажано многу а пред се отсликан нашиот менталитет, и непроменетата атмосвера кога се во прашање големите празници како Велигден, и поскапувањата кои редовно ги следат празниците а ососбено овој.

За празниците цените редовно растат.Се работи за вештачки зголемени цени на доматите (120), краставиците (70 и 80 ден.) јагнешко месо други продукти кои обично се купуваат сега.

Поефтинување , или спуштање на цената на јајца во маркетот на Тинекс во Кавадарци-10 парчиња 49 денари за кое пишува нашиот Каракулев е вест од утринава . Според Диме Каракулев- наводно до 10 часот се продале 2 шлепери јајца , што за наши прилики е навистина МНОГУ.Колку се „лепиме“ на евтино е очигледно, но шегата настана, штедењето некој денар и не е на одмет,особено за оние кои живеат на една плата или на две помали.

А јајца треба да се фарбаат на Велигден и тоа утре пред изгрејсонце за да се фати бојата и јајцата да не се расипат.Тоа важи за домаќинките, македонките , кои се држат до традицијата.

Инаку годинава јајцата не поскапеја така драстично како пред тоа, и сметаме дека се на нивото на редовната цена која и пред Велигден ја имаа во продавниците кај нас.Овојотат се офајдија и потрошувачите и производителите и продавачите.

ФБ.....Димитар Каракулев...

Е воа е Македонија! :) Распродажба на јајца у Тинекс! Поминувам сабајле накај работа, гледам редица пред Тинекс, пак нешто има на намалење, прашувам....јајца за Велигден, по 10 наредени у шаржер како куршуми, само за 49 денари (десетка). За појадок бев, некое пециво...Ама турив у ќесето некој шаржер јајца, од срамови ако не земам, а сите грабат...не тачен ќе те направат. Шо да ви расправам, има бели, кафени, леви, десни, со две ж`шки, само со белки, по ситни, по едри, кој какви сака, народ се турка, грабе и колку му требе и колку не му требе. Ќе се најдат викат, за благичко, за салати, а некој од позади насмеа вика и за мачкање на фасади може :) До 10 саатот се продале два шлепери јајца, а уште имало не растоварени, кој не земал нека оде. Е моја чудесна Македонијо! За убаво да ни биде престојниот празник Велигден. Да живее Македонија! :)