МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Квалитетна културна вечер во Кавдарци

Вистински погодок беше вечерта посветена на сликарот Павле Кузмановски, еден од најеминентните македонски современи сликари, од Тетово, кој синоќа ја промовира својата монографија а истовремено на заинтереираните им понуди да видат дел од неговите слики од циклусот инспириран од песната „Везилка“ на Блаже Коневски. За неговата монографија зборуваше Милован Цветановски од издавачката куќа „Матица Македонска“ кој истата ја нарече најзначаен и најуспешен проект . Олгица Марковска пак во Галеријата на Домот на Културата која синоќа беше полна. прочита три песни посветени на Кузмановски.

Директорот на Домот на Културата Владимир Темков овој настан го стави во редот на еминентните од редовната програма и се заблагодари на Кузмановски што покрај големите европски центри и Скопје ова монографија и изложбата ја поместува во Каадарци.

Промоторот на монографијата амбасадорот Ѓорѓи Филипов во своето подолго говорење за Павле Кузмановски кој го познава 23 години рече дека тој е е единствениот македонски уметник кој има свое дело во збирката уметнички дела на Министерството за култура на Австрија.Сакајќи да истакне колку е ценета неговата слика на девојка во Женева во Светската Агенција за интелектуална сопственост , д-р Арпад Богш, прокоментирал– Видовте , од двете страни на ѕидот стои по една убавица, една од вашиот Кузмановски, другата од Реноар. Оваа од Реноар најверојатно е поскапа, но оваа од Кузмановски сакам да ја гледам почесто нагласи меѓу другото синоќа амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Промоцијата во Кавадарци беше проследена со изложба на дела од Кузмановски во која беа како портрети, мртва природа, девојките и други мотиви.