МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Спортската академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование, деветто одделение и имаат желба да продолжат со образованието токму во кошаркарските паралелки на Спортската академија.

Кандидатите за селективните тренинзи за упис во кошаркарските паралелки на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

Првиот селеткивен тренинг ќе се оддржи во Кавадарци, во вторник, 18 април во спортската сала „Јасмин“. Евидентирањето е закажано за во 8 часот и 45 минути, додека тренингот ќе започне во 9 часот.

За потсетување, во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци веќе функционира кошаркарска паралелка која е дел од Спортската академија.