МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со цел да го изразат својот став во однос на негирањето на македонскиот јазик како посебен јазик кој ѝ припаѓа на јужнословенската група на јазици, членовите на ЗПРМ подготвија Декларација, која ја споделуваме и со медиумите. Истата ќе биде доставена и до надлежните институции. Во продолжение цитат од Декларацијата: „За нас, преведувачите и толкувачите, македонскиот јазик не е само алатка со којашто работиме, туку дел од нашето битие, нашата традиција, нашиот идентитет, длабоко вкоренет во делата на Миладиновци, Иљоски, Рацин, на Андреевски, Јаневски, Конески, јазикот на кој зборуваме, комуницираме, твориме, јазикот на кој и од кој преведуваме и толкуваме, на кој пишуваме и раскажуваме“.

Со почит, ЗПРМ

Интерален текс на Декларацијата

„ Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

По повод неодамнешните, повеќекратни настапи на видни бугарски политичари,историчари и академици насочени кон претставувањето на македонскиот јазик како дијалект или литературна норма на бугарскиот јазик.Во однос на негирањето на македонскиот јазик како посебен јазик кој ѝ припаѓа најужнословенската група на јазици, Здружението на преведувачи и толкувачи го изразува својот став кон ова прашање, образложен во продолжение : ЗПРМ потсетува дека секој јазик, вклучувајќи го и македонскиот, е дел од културниот и националниот идентитет на еден народ, по кој не смее да сепосега, не смее да се менува и приспособува според барањата на поединциили групи заради добивање политички поени или демонстрирање моќ исила.ЗПРМ потсетува на Универзалната декларација за човекови права која во чл.19 пропишува слобода на мислење и изразување на секој човек. Резолуцијатана ОН A/RES/61/266 ги повикува сите земји членки на ОН, меѓу кои и Бугарија,да ги сочуваат и да ги штитат сите јазици што ги говорат народите во светот.Оттаму, ЗПРМ остро се спротивставува на секаков вид негирање на македонскиотјазик од страна на официјални лица од Република Бугарија кои деновиве излегуваат со ставови спротивни на меѓународните конвенции и документи коишто се однесуваат на заштитата и негувањето на јазиците.Исто така, ЗПРМ ги отфрла сите произволно изнесени и научно непоткрепени ставови кои немаат ништо заедничко со лингвистиката, славистиката и историјата. Од бугарската научна јавност, предводена од бугарскитепреведувачи и јазични професори, бараме да се сообрази со објективната научна реалност за класификацијата на словенските јазици.Македонскиот јазик има долга книжевна традиција која му претходи надатумот на неговото нормирање: почнувајќи од „Тријазичникот“ на Пулевскиво 19. век, па „Абецедарот“ издаден од грчките власти во 1925 г. како и ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРЕВЕДУВАЧИ И ТОЛКУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СКОПСКА 9/1-10, 1000 СКОПЈЕ  contact@mata.mk  www.mata.mkучебниците по македонски јазик издадени во Бугарија во доцните 40-ти години на минатиот век, кога почнува наставата на мајчин македонски јазики според тогашниот попис, 63,7% од населението во Пиринска Македонија се изјаснуваат како Македонци.За нас, преведувачите и толкувачите, македонскиот јазик не е само алатка со којашто работиме, туку дел од нашето битие, нашата традиција, нашиот идентитет, длабоко вкоренет во делата на Миладиновци, Иљоски, Рацин, на Андреевски, Јаневски, Конески, јазикот на кој зборуваме, комуницираме,твориме, јазикот на кој и од кој преведуваме и толкуваме, на кој пишуваме и раскажуваме.Македонскиот јазик е жив јазик кој се изучува и говори на сите нивоа на образование, кој се користи во истражувачката и научната област, и во нашата земја и во сите земји каде што живее македонско малцинство, како и набројни катедри во светот каде што се изучува македонистиката.Македонскиот јазик е јазикот на кој се преведени илјадници светски дела,препеани илјадници страници поезија, а од неодамна, и јазикот кој се појавува како засебен, работен јазик и во многу меѓународни институции.Оттаму, ЗПРМ ги повикува државните институции, останатите професионални здруженија, сите поединци и истомисленици, пријатели на нашата земја и почитувачи на македонскиот јазик, да се огласат против овие непринципиелни притисоци, несвојствени за демократскиот свет од 21. век,на којшто му е потребен јазик на меѓусебна почит, наместо јазик на омраза,уцени и негирање.„

- се наведува во текстот на Декларацијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија