МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГФК „Тиквеш 1930“ ги започна и подготовките за новата сезона

Новиот шеф на стручниот штаб, тренерот Љупчо Димитковски – Гањо на Градскиот стадион во Кавадарци ја направи првата прозивка на 25-фудбалери.Овде беа и фудбалерите од младинскиот погон на ГФК Тиквеш. По кратката средба со упатствата за работа во сезоната веднаш започнаа тренинзите.Кавадаречкиот фудбалски клуб ке настапува во Втората лига-Исток, и ќе биде еден од кандидатите за влез во Првата фудбалска лига.

На првиот тренинг беа присутни засилувањата во тимот како Адријан Чаволи, Александар Игески, Дарко Дигаловски, Александар Вареловски, како и повратникот во екипата, Васко Митрев.Сe најавуваат и дополнителни засилувања.Засега тренинзите ке се одвиваат во Кавадарци.На подготовки како што рече претседателот на клубот Миле Масларков ,ГФК Тиквеш 1930 ке се замине на 18 јули во Маврово.

36589850_2017374104973365_8659035788249399296_n.jpg36677464_2017373808306728_8300158985399435264_n.jpg36589850_2017374104973365_8659035788249399296_n.jpg36580697_2017373528306756_524992535697817600_n.jpg36677043_2017373594973416_6975022623801475072_n.jpg36654583_2017373694973406_4476825806269579264_n.jpg