МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчанка го освои првото место на „АМЕРИКАН АРТ 2015“

Ликовната уметничка и шампионка во стрелање, кавадарчанката Дивна Пешиќ, ја освои првата награда од реномираните награди „АМЕРИКАН АРТ 2015“ во категоријата на апстрактни уметнички дела.

Таа се натпреваруваше во конкуренција со уметници од 35 земји од светот, а нејзиното дело масло на платно беше избрано за најдобро според 25 американски уметнички галерии.

12049520_1042168775827241_1937673016714769789_n.jpg

Нејзините уметнички слики висат дури и на ѕидовите на Бакингамската палата, а годинава имаше изложба и во македонската амбасада во Вашингтон.