МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Младите на Црвениот крст продолжуваат со работа на терен

На 13 април, група ученици од средните училишта, направи целодневно дружење и неколку активности во соработка со ООУ,,Страшо Пинџур" Кавадарци, каде што учат и учениците кои се нивната целна група, во малиот проект преку програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хуманите Вредности.

Средношколците одлично си ја завршија својата работа на терен, како и што им доликува на ЦКА-ПХВ младинците . Се одржаа хуманитарни спортски трки, и пријателски хуманитарен турнир во фудбал. Од учениците-за учениците....да ја промовираме и шириме хуманоста!