МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Куќата на Глигор Атанасов и Пајтонот на Горчо Туриманџов

На фотографијата е кадар од изградбата на куќата на Глигор Анастасов, адвокат и народен пратеник во Собранието на Кралството Југославија од Демократската партија. Во неа во периодот од 1929-36 година била сместена Граѓанската школа во Кавадарци. Куќата се наоѓала во близина на денешното училиште “Страшо Пинџур“.

17861445_242600829541226_8258381168243766065_n.jpg

Ова фотографија се однесува на пајтонот на Горчо Туриманџов (брат на Диме Туриманџов).Тој возел на релација Кавадарци-железничка станица Неготино. Фотографијата е од 1938 година кога пајтонот сеуште бил единствено превозно средство до оваа дестинација.Фотографијата е на Блажо Мангаров мајсторот од кој Ване Малинков Ќендо го научи фотографскиот занает.

Од фототеката на Музеј-галерија.