Градоначалникот Митко Јанчев денеска го промовира проектот „Мој Општинар„ со кој ке ја подобри ефикасноста на општинската администрација и решавање на проблемите на граѓаните во градот и селата
Во Кавадарци денеска беа претставени извршителите а од утре на терен започнува реализирање на проектот „Мој општинар“.Новина најавена од новиот градоначалник Митко Јанчев уште во текот на неговата изборна кампања-која има за цел брзо и ефикасно решавање на проблемиот од комунален карaктер и слично, а се од ингеренција на локалната самоуправа.Деветте општинари облечени во посебни униформи денеска беа претставени на јавноста а градоначалникот Митко Јанчев го нагласи значењето на ова новина за севкупниот комунален ред и решавање на проблемите од секојдневието на граѓаните во градот и руралните средини.