МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Под ова мото , Дрекслмајер Македонија организира хуманитарен турнир во мал фудбал.

Турнирот ќе се одржи на 22.Април 2017, сабота, во спортска сала „Јасмин“ Кавадарци, а на истиот учество ќе земат вработени од осум компании и институции: ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија, ДОО Кожувчанка Кавадарци, Фени Индустри МВР Кавадарци, Алајанс Уан Македонија, Екстра, Градба Промет и Слога Пром. Она што е интересно е дека годинава тимовите ќе бидат во мешан состав, односно своите фудбалски знаења и квалитети ќе ги покажат и мажите и жените од сите осум компании. Влезот во салата е слободен, но секој кој сака да учествува во наградна игра, има можност да купи награден купон во износ од 30 денари со што автоматски учествува во наградна игра со бројни вредни награди. Собраните средства од купоните ќе бидат донирани за Специјалниот завод за лица со посебни потреби „Демир Капија“. Исто така и во салата ќе биде поставена кутија за донации. Почетокот на турнирот е закажан за во 11 часот, а целиот настан се очекува да трае до 14 часот.