МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ деновиве започнаа со изградба на нов подземен контејнер на локациjа во строгиот центар на улицата „Илинденска“ кај „Мерлин“. Таму екипа на ангажираната фирма изведувач „Метал Апостолов“ од Кавадарци работи на копање на земја.Истата компанија паралелно изведува и градежни работи на контејнерот кај „Тиквешко поле“, каде е бетонирана контејнерската јама.Општината вакви подземни контејнери ќе постави и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.Платформите ќе бидат со различна големина, а на нив ќе се постават, два, три или четири контејнери.Овој систем на прибирање на смет нуди повеќе предности.

86661855_2650565828500795_6965253755046461440_n

87059964_2650565831834128_1166147770495533056_n